ТЕРОРИСТ ПРИЗНАВА ДЕКА ЗА 5.000 ЕВРА ПРИФАТИЛ ДА ГО НАПРАВИ МАСАКРОТ ВО МОСКВА

0
289

Руските медиуми го објавија испрашувањето на еден од приведените под сомнение дека го нападнал трговскиот центар Крокус во околината на Москва.

Видеото трае две и пол минути. На снимката, човекот се претставува, го дава својот датум на раѓање и тврди дека добил инструкции преку Телеграм, каде што „ја слушал лекцијата на проповедникот“, а помошникот на проповедникот го контактирал пред околу еден месец.

За нападот на човекот му биле ветени околу 500 илјади рубли (5.000 евра) , кои требало да му бидат префрлени на картичката, вели тој во видеото, во кое тврди дека е таксист.

Телеграмските канали База и „Внимание, вести“ напишаа дека за терористичкиот напад се осомничени државјани на Таџикистан. Тие објавија податоци за четири лица, меѓу кои Исмолов, Насридинов и Назаров.