Телефонски разговор Заев-Борисов: Разговарале за решенија за отворените билатерални прашања

0
748

Премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска во телефонски разговор изразиле меѓусебно уверување дека ќе продолжат да разговараат и директно и преку владините претставници и тимови, со цел изнаоѓање заедничко решение за отворените билатерални прашања во интерес на двете земји и во интерес на европските интеграции, информираат од Владата.

Заев, како што информираат од владината прес-служба, во телефонскиот разговор со Борисов, најпрво му посакал добро здравје и брзо опоравување од коронавирусот, на што Борисов информирал дека се чувствува многу подобро и дека здравствената состојба му е стабилна.