Жителите на Крњево и општина Центар отворено за проблемите

0
1096

Sredba-so-gragjani-Krnjevo-2-640x320

„Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и стручните служби имаа средба со жителите на Крњево.

Граѓаните на овој дел од Центар посочија дека основен проблем е канализацијата, бидејќи велат, кога има посилен дожд, влагата им влегува по домовите. Водоводот на улицата „171“, појасни раководителот на Секторот за комунално уредување, Горан Иљоски, се проектира и ќе биде завршен до крајот на годината.

За исплатата на средствата од минатогодишните поплави, жителите беа упатени да се обратат до Град Скопје, бидејќи градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, тогаш рекол дека ќе постапи по записниците од општините. Општина Центар веднаш излезе на терен, ја констатираше состојбата и целата документација е пратена во градот, но досега нема повратен одговор.

Sredba-so-gragjani-Krnjevo-1

Раководителот на Секторот на урбанизам и планирање, Бисера Јакимовска, ги информираше крњевци дека ДУП-от Крњево 1 и Крњево 2 набрзо ќе почне да се работи и ги повикаа да ги достават своите мислења, кои доколку се издржани, ќе влезат во планот. Службите посочиja дека градоначалникот Трајановски не го испочитува ветувањето дадено на средбата со жителите дека булеварот “Крушевска Република“ ќе биде под земја. Во новиот ГУП, булеварот е надземен и парцелите немаат развој.

Sredba-so-gragjani-Krnjevo-3

На барање на жителите, градоначалникот Андреј Жерновски, даде налог повторно да се исчисти шутот во Крњево, да се постават канделабри и да се бара решение за паркинг просторот.

Во недела е закажана повторна средба во Крњево за да се испита што од претходно договореното е реализирано“, се вели во соопштението на Општина Центар.