ЛУДАК : ТАТКОТО НА ВАЊА ДОНЕСЕН ВО КРИВИЧЕН СУД, ПРЕД КАМЕРИТЕ НА НОВИНАРИТЕ НАПРАВИ ,,ЛАЈК”

0
1282

Таткото на Вања Ѓорчевска предмалку е спроведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.

Тој беше на распит синоќа во полициска станица, а денеска на прес-конференција, главниот јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски, рече дека посредните докази укажуваат дека организаторите ги добиле информациите од нејзиниот татко за тоа кога девојчето ќе излезе од дома.

„За таткото засега имаме докази дека посредно учествувал во информирањето кога девојчето ќе излезе од дома за да биде земено. Немаме сознанија дека е вмешан во мотивот за убиство. Едно од осомничените лица кажа дека информациите за девојчето ги има од таткото“рече Бубевски на претпладневната прес-конференција, дополнувајќи дека таткото ги негирал дејствијата.

На прес-конференцијата беше посочено дека првоосомничениот кој е организатор и извршител на убиството е во бегство, додека на тројца од осомничените им е изречен 48-часовен притвор.

Извор: 360 степени