ТАРАВАРИ ВО КАНАЛ 77 : НАШИОТ ПАТ Е ЕВРОПСКИОТ, НИ ТРЕБА МЕРИТ СИСТЕМ КОЈ ЌЕ ПОКАЖЕ ДЕКА ЕДНА ДРЖАВА МОЖЕ ДА ФУНКЦИОНИРА ЗА ДА СИ ГИ ВРАТИМЕ ОНИЕ КОИ ЗАМИНАА ДА РАБОТАТ НА ГУРБЕТ И ДА ЖИВЕАТ ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ ВО ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ, ИМА МНОГУ ПРИМЕРИ НИЗ ЕВРОПА КАДЕ СЕ ВРАТИЛЕ ИСЕЛЕНИЦИТЕ!

0
342
  • Треба да седнеме и да отвориме дебата како заеднички да ја градиме иднината. Мислам дека има трезвени, чесни и умни луѓе којшто се заинтересирани нашите деца да им останат тука.

    И сакаме да ни се вратат нашите од западно европските земји кои работат таму. Кога би виделе дека една држава функционира како што треба има тенденции и може да се вратат.

    Такви случаи има во повеќе европски држави каде дел од населението си отишло во друга држава, живееле и работеле во други држави а потоа се вратиле во сопствената држава. Нашиот фокус и дебата треба да биде во овој працев како да направиме услови за ваква дебата за да се вратат во нашата држава, нашите градови и нашите села бидејќи единствен пат е европскиот пат.

    Ако ние успееме овде да створиме услови, закони кои ќе важат за сите, мерит систем со стандарди во училиштата и болниците јас гарантирам дека огромен број од нашите иселеници би се вратиле тука и се помалку би размислувале да заминат од државата.

Арбен Таравари, кандидат во трката за претстојните претседателски избори во Северна Македонија со мотото ,,Народот пред се” во студиото на Канал 77.