Катица го демонтира криминалниот режим: Нови 15 предистражни постапки за перење пари, финансирање на медиуми, даночно затајување…

0
1266

Специјалното обвинителство на Катица Јанева преку денешното соопштение извести дека се започнати нови 15 предистражни постапки кои се однесуваат на проверки во врска со финансирањето на медиумите, злоупотреби на постапки за јавни набавки, даночно затајување, перење пари, разни коруптивни дејствија и злоупотреби на службена положба и овластувања, финансиски истраги, злоупотреби на постапките кои се однесуваат на градежни работи итн.

„Би сакале да укажаеме дека во тек и се другите предистражни постапки кои се водат во ова Јавно обвинителство. Од она што во овој момент може да го соопштиме е дека во рамки на една предистражна постапка, по издадена наредба од Судија, одземени се предмети кои можат да послужат како доказ во кривичната постапка и оваа предистражна постапка продолжува. Повеќе детали за предметите во работа ќе бидат соопштени на прес конференција, која очекуваме да биде закажана во наскоро време“, велат од СЈО.