ТАЛЕВСКИ : СДСМ ГРАДИ ЗА ИДНИНАТА, ИКТ ЦЕНТАР ВО ПРИЛЕП ЗА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

0
278

Прес-конференција, Миле Талевски, пратеник на СДСМ 

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

СДСМ гради современа инфраструктура за иднината.

Во Прилеп го реализиравме еден од нашите најзначајни инфраструктурни капитални проекти – ИКТ Центарот за чување и заштита на податоци и опоравување од катастрофи.

Овој капитален објект вреден 11,5 милиони евра е од витално значење за државата.

Се работи за современ објект со најсофистицирана опрема, по највисоки безбедносни стандарди, што го прави овој ИКТ Центар прв од ваков вид во регионот.

Со ИКТ центарот СДСМ обезбедува долгорочна заштита на податоците на граѓаните, а со тоа и трајна заштита на нашиот безбедносен систем.

Проектот е финансиран со средства од ЕУ односно преку ИПА програмата и дополнително буџетски средства.

Вкупната инвестиција до целосна функционалност на објектот изнесува  11,5 милиони евра.

Но не само во стратешки и важни проекти, СДСМ инвестира и гради насекаде низ државата, во секоја општина, а Прилеп е пример за тоа.

Во изминатите неколку години реализиравме бројни проекти важни за прилепчани. СДСМ го направи патот кон езерото, патот кон Тополчани, патот кај Плетвар, кон Мариово, патот кон манастирот во с.Прилепец. СДСМ изгради клучка кај ТИРЗ зоната. СДСМ изгради нова градинка во населбата Точила за згрижување на 252 дечиња. Веже 2 години чекаме актуелниот градоначалник од ДПМНЕ да ја стави во функција. СДСМ изгради многу, го изгради спортско рекреативниот центар кај вештачкото езеро.
Веќе е одоброен големиот инфраструктурен проект во должина до 29 километри за изградба на автопатот Прилеп – Битола.

Во тек е реконструкцијата на улицата „Леце Котески“  како дел од проектот „Поврзување со локални патишта во општините” за што се инвестирани 70 милиони евра.

Владата на СДСМ ја обнови и улицата „Мице Козар“.

СДСМ продолжува со инвестиции во Прилеп,во интерес на граѓаните. Затоа што развиени општини значат силна економија.