ТАЛЕВСКИ : КАКО ПОЛИТИЧАР АПЕЛИРАМ ДА СЕ ТРГНЕ ПОЛИТИКАТА ОД СПОРТОТ И ОД ФК ПОБЕДА И ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОДЛУКАТА НА НОВО РАКОВОДСТВО НА КЛУБОТ

0
722
Во годините наназад, гласно зборував дека политиката треба да се тргне од спортот, особено кога станува збор за гордоста на Прилеп и прилепчани, Фудбалскиот клуб „Победа“.
За мене, како политичар, а пред се’ како човек и вљубеник во ФК „Победа“, и тогаш, а и сега е недозволиво политиката да меша прсти во фудбалската гордост на Прилеп.
Кога е во прашање фудбалот во најфудбалскиот град во државата, личните интереси мора да бидат настрана. „Победа“ мора да ја раководат лица кои потекнуваат од фудбалот, кои оставале срце и душа на фудбалскиот терен на градскиот стадион „Гоце Делчев“.
Апелирам да биде повлечена последната одлука за именување на ново раководство на клубот и на негово место да биде поставен кадар, кој потекнува од ФК „Победа“ и кој ќе ја ужива поддршката од целата фудбалска јавност во Прилеп.
Победа во ❤
Фејсбук статус на Миле Талевски, пратеник и претседател на СДСМ Прилеп.