МЗ: ПРИСТИГНА НОВА ПРАТКА ОД ВАКЦИНИТЕ ФАЈЗЕР

0
227
Вупно 9360 дози вакцини од производителот Фајзер вчера стигнаа во државава. Од нив, 4680 се преку директен договор што земјава го има со овој производител на вакцини против Ковид-19.
Како што соопшти Министерството за здравство, според договорот, Фајзер секој понеделник во Северна Македонија испорачува од 5000 до 7000 дози вакцини, односно 26000 дози предвидени за цел месец.