СТРАНЦИТЕ ПАК РАЗОЧАРАНИ: ИМАМЕ РЕШЕНИЕ, НО НЕ САКАМЕ ЛУЃЕТО ДА СТРАДААТ

0
1083

Мeѓународната заедница е разочарана оти пак се враќа процесот од пред договорот во Пржино, како лани во април. Со враќањето на Митко Чавков и Диме Спасов за министри за внатрешни работи и за труд и социјала сега се отвора нов проблем, пишува порталот СДК.

„Меѓународната заедница цело време инсистира да се исполни договорот од Пржино и сега бараме начин како да го спасиме“, вели неофицијално висок европски дипломатски извор, кој сака да остане анонимен во оваа фаза на дипломатско барање решение за македонската политичка криза и додава: „Имаме решение во џебот, но не сакаме да го извадиме, не сакаме луѓето да страдаат. Ќе пробаме сѐ да ја вратиме земјата на евроатлантскиот пат“.

Не е исклучено денеска повторно претставници на меѓународната заедница која е гарантор на договорот од Пржино да се јават со нови остри изјави.