МОРБИДНИ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ ЗА ЧЛЕН НА СЕМЕЈСТВОТО НА КАНДИДАТОТ ОД ВМРО-ДПМНЕ ВО ПРИЛЕП, БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ – ПОВЛЕЧИ СЕ ОД КАНДИДАТУРА ИЛИ ЌЕ СИ ГО НАЈДЕШ ПОМАЛИОТ СИН ФРЛЕН ВО ЕНДЕК КАКО КУЧЕ!

0
1501

Профил на Фејсбук со име Роберт Вретоски вечерва упати закана за убиство на синот на кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ.

Профилот Роберт Вретоски кој на социјалните мрежи преку Фејсбук бара лекарот Борче Јовчевски кој е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп да ја повлече кандидатурата или ќе го најде својот син мртов.

“Наскоро и прислушкуваните разговори за Борчево ке бидат излезени во јавност па да видите како приватно договара за поткуп на гласачи. Повлекувај се од кандидатура ако ти е мила фамилијата во спротивно ке го најдеш и помалиот син во некој ендек фрлен како куче.!”, пишува профилот со име Вретоски на својот фејсбук профил.

Во исчекување ОЈО, МВР и другите истражни органи да го расветлат овој случај бидејќи Прилеп треба и мора да добие фер изборна кампања, насилството и заканите нема да поминат никаде.