СТОЈАНОСКА : НА ВМРО-ДПМНЕ МУ ТРЕБА 61 ПРАТЕНИК ЗА ДА МОЖЕ ДА ГИ РЕАЛИЗИРА ПОЛИТИКИТЕ И ДА ГО ПОПРАВИ УНИШТЕНОТО ОД ИЗМИНАТИТЕ СЕДУМ ГОДИНИ

0
312
Според мене очекувана е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ која вели речиси дупло повеќе мандати за ВМРО-ДПМНЕ во Собранието за разлика од СДС. Тоа е поради тоа што се случуваше изминатите седум години. Или ништо не направија во изминативе седум години, ништо од тоа што ветуваа не направија, рече Дафина Стојаноска, пратеник во Собранието и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната емисија За или против што се емитува на телевизија Алфа.
 
Стојаноска посочи дека на ВМРО-ДПМНЕ му треба 61 пратеник за да може да ги реализира политиките и да го поправи уништеното од изминатите седум години.
 
„61 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ ќе значи апсолутна одговорност, она што го говоревме да го реализираме, 61 пратеник е за да не се кочат работите како што сме биле сведоци до сега“, кажа Стојаноска.
 
Според неа оваа власт во 2021 година имаше дебакл на локалните избори, а не направија никаква анализа.
 
„Анкетите го кажуваат тоа што го гледаме секој ден, тоа е незадоволството од оваа власт, има секој ден анкети и на улица меѓу граѓаните, затоа ова што го прават со црна кампања дека им се виновни ботови, односно лажни профили е несфатливо. Секоја власт од таа позиција кога оди на избори се фали со постигнатото, изјави Стојаноска која укажа дека и Стево Пендаровски не остави ништо добро, освен како што рече „лаги и побивање на свои изјави како онаа дека за францускиот протокол прво не знаел, за потоа да каже дека учествувал во изработка на истиот“.
 
Стојаноска се осврна и на фактот дека СДС се гледа дека по лошите политики нема со кои нови кадри да излезе.
 
„На следниве избори кога треба да покажат нешто ново се враќаат на лик како Венко Филипче. Како и да е јас сакам позитивни кампањи, јас најмногу сакам да ги промовирам нашите проекти, но ако почнат со црна кампања ќе морам да возвратам“, кажа Стојаноска.