СТОЈАНОСКА : ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА И ВМРО-ДПМНЕ НУДАТ КВАЛИТЕТНИ РЕШЕНИЈА ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ И ЌЕ ЈА НАПРАВАТ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА

0
91

Прес-конференција на Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6

Денешниот ден ќе го поминам во општина Брвеница и затоа најпрво сакам да го честитам големиот празник Рамазан Бајрам до нашите сограѓани кои што припаѓаат на исламската вероисповед.

Покрај мене се наоѓа градоначалникот на општина Брвеница, Јовица Илиевски кој што е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ она што го ветува и го реализира, а има реализација на ветените проекти во неговата општина од преку 80 проценти.

Го споменувам Јовица во контекст на нашата кандидатка за претседател професорката Гордана Силјановска Давкова тоа се избори на ВМРО-ДПМНЕ кои што нудат решенија нудат квалитетни луѓе и нудат луѓе кои што ќе направат се за граѓаните на Република Македонија без правење на разлика на нивната припадност и затоа гледаме дека промените во општина Брвеница веќе се настапени и се надевам дека жителите на општина Брвеница го знаат изборот за 24 април, а потоа и за 8 мај.

Македонија ќе ја направиме горда заедно со ВМРО-ДПМНЕ и со Гордана Силјановска Давкова.