СТОИЛКОВСКИ : СО ДУИ И СДС НА ВЛАСТ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОВЕЌЕ СКАНДАЛИ СЕ СЛУЧИЈА ОД ШТО ПОМИНАА ДЕНОВИ ВО НОВАТА ГОДИНА

0
212
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски од медиумите беше запрашан за коментар за тоа што СДС и ДУИ се уште тврдат за успеси и дека ќе победат на изборите. Стоилковски одговори дека само на почетокот на годината СДС и ДУИ го покажуваат вистинското лице за лажни европски вредности! За една недела се случија повеќе скандали од што поминаа денови во новата година.
„Прво, 2024-тата почна со поскапа струја за граѓаните. Второ, се раскина договорот за изградбата на Чебрен, за што предупредувавме, а СДС обвинуваше дека наводно шириме невистини и лаги. Народот гладува, а гледаме роденденски журки во владини кабинети“, појасни портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој потсети дека се случи грозно загрозување на авиосообраќајот, додека контролорите на своите работни места во моментот следат, контролираат и управуваат над 40-тина авиони, насилници, лица на ДУИ влегуваат во М-НАВ и тепаат вработени, притоа поминувајќи низ врати кои не би можеле да се отворат, доколку лицето нема дозвола или службена картичка.
„Во само неколку дена се распишани повеќе огласи во министерства, агенции и центри за вработување на над 200 јавни и државни службеници. Народот гледа, а наше е да ги запреме. И тоа на избори. За што е потребна масовна излезност на изборите. Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме“, порача Стоилковски.