АРСОВСКА : ЗА ПОДОБРО СНАБДУВАЊЕ СО ВОДА СО ЖИТЕЛИТЕ НА ЦРНИЧЕ СЕ ЗАМЕНУВА ПОСТОЕЧКАТА САЛОНИТНА МРЕЖА

0
533

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и директорот на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински, денеска присуствуваа на отпочнување на градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улиците Церска и Христо Узунов во населеното место Црниче во општина Кисела Вода.

– Со реализацијата на овој проект се отстранува постоечката салонитна мрежа на која се јавуваат голем број дефекти заради нејзината дотраеност која е поставена пред повеќе од три децении и била наменета за мал број објекти, а денеска не ги задоволува потребите на постојната состојба. За жал, досега не биле превземи активности за реконструкција и проширување на хидротехничката инфраструктура согласно развојот што го овозможува деталниот урбанистички план за овој локалитет со што ЈП Водовод и канализација овозможува подобро водоснабдување на жителите во овој дел од градот – изјави Арсовска.

Градежните активности опфаќаат реконструкција на постоечките приклучоци на објектите кои гравитираат на овој дел од улиците Церска и Христо Узунов. Новата водоводна мрежа ќе биде приклучена на улицата Востаничка со што се обезбедува циркулационен прстен кој овозможува поквалитетно водоснабдување за жителите долж оваа траса.

Со почит,

Град Скопје.