СТИГНАА ПРВИТЕ ЧЕСТИТКИ ОД СОСЕДНА АЛБАНИЈА ЗА ДВОЈНАТА ПОБЕДА НА МИЦКОСКИ И СИЛЈАНОВСКА ВО ЗЕМЈАВА

0
57

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани денеска, осврнувајќи се на резултатот од изборите во Северна Македонија, изјави дека заедничката иднина е Европската Унија. Според него, резултатот што го постигнаа Албанците во Северна Македонија е историски резултат за иднината на соживот, хармонија и почитување меѓу етничките заедници во државата. „Го поздравувам историскиот резултат на Албанците на изборите на 8 мај 2024 година во Северна Македонија. За сите нас сегашноста има само еден заеднички именител: соживот меѓу етникуми, религии и култури во хармонија и меѓусебно почитување. Иднината се движи само во една насока: кон Европската Унија и семејството на демократските земји“, напиша Хасани на социјалните мрежи.

Претседателот на Партијата на слободата Илир Мета го поздрави изборниот резултат во Северна Македонија. Мета нагласува дека Северна Македонија ќе биде втора во Европа по бизнис климата и привлекувањето странски инвестиции, пренесуваат албанските медиуми.„Благодарам Мицкоски што сам не доби 61 мандат. Се покажавте како вистински џентлмен. Со вас, Северна Македонија нема да биде петта во Европа по бизнис клима и привлекување странски инвестиции, туку барем втора во Европа“, му се обрати Мета на првиот човек на партијата што победи на изборите.

ВМРО-ДПМНЕ постигна голема победа и на претседателските и на парламентарните избори со над 43 отсто од гласовите или 59 мандати од 120 колку што има Собранието на Северна Македонија, нагласуваат медиумите во Албанија и додаваат дека Мицкоски најавил формирање на нова влада со коалицијата на албанската опозиција ВРЕДИ и покрај тоа што Европскиот фронт предводен од ДУИ победи на изборите меѓу Албанците.