СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО СТРУГА ДВЕ ЖЕНИ ФАТЕНИ КАКО КРАДАТ, ЕДНАТА ОД ДОЛНЕНИ, ДРУГАТА ОД ДЕБРЕШТЕ

0
433

Вчера во 14.30 часот во Струга, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле 40-годишната Б.Т. од прилепското село Долнени и 47-годишната С.А. од селото Дебреште, прилепско.

Имено тие биле фатени како вршат кражба во продавница на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Кај нив биле пронајдени украдентите работи кои веднаш вратени на сопственикот.По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.