ВМРОНИТЕ СЕ УШТЕ ВО ТЕШКА ТРАОРНА ДИЛЕМА КОЈА ИМ ГИ ЛОМИ УМОВИТЕ И ДУШИТЕ: Кој беше во право на 27-ми април, Тарчуловски, Муковски и Арнаудов кои го помагаа линчот на Заев или Влатче Ѓорчев кој го спасувашe Заев?!?!

0
1237

Миленко прашува на порталот Дудинка:

За да не влагам во материјална расправа со измислени ликови или пак со инструирани партиски послушници – им поставувам прашање, не на нив, ами на нивните партиски креатори од разно-разни центри за комуникација.

Прашањето е: КОЈ ПОСТАПИ ПРАВИЛНО НА 27-МИ АПРИЛ? Крсте Муковски, Јохан Тарчуловски, докторот од Охрид, Љупчо Димовски… што ја отворија вратата, или Влатко Ѓорчев што ги бранеше шиптарите и црпнатите?

Прашањето групно и поединечно, како им одговара, можат да го одговорат сите членови на ИК на ВМРО ДПМНЕ, како и сите потпррдседатели и претседателот на истата “центар-десно” партија.

Одговорот може да е преку панел, соопштение, изјава…, а може и да е преку профилите на ботовите што подолу ги објавувам.Едноставно е прашањето. Секој МАКЕДОНЕЦ брзо и прецизно ќе го одговори. А вие?

Еден ВМРОН му одговара на Миленкота:

Миленко Неделковски Ептен дете си се сторил пријателе. Многу те ценев. Манипулираш, вртиш, лажиш….

Прво: Ајде објасни ми што е „наградата“ во партиска функција? Пари? Слава? Моќ? Што е наградата за Влатко?

Второ: Ѓорчев проба да спречи насилство, а не да го брани пучот. Зошто сосема свесно извртуваш факти? Ај за стотинка вклучи сијалица, и види – ако сите пратеници на ВМРО застанеа пред граѓаните и НЕ ДОЗВОЛЕА никој да е повреден. Како ќе се создадеше основа за притвор? НИКАКО. Како ќе бараа основа за „тероризам“? На куково лето ќе бараа. Е ако го немаше насилтвото, две други работи ќе имаше. Протестите ќе продолжеа, и владата немаше да биде „жртва на насилниците од ВМРО“. Борбата ќе си продолжеше.

Јас сосема ги разбирам и тие што се качија горе да го тепаат Заев. Луѓето имаа јака причина, ама тоа не значи дека тие се добрите момци, а Влатко лошото дете. Ако е добро со ќотек, еве, не мора заев, сретни ти некој пратеник, ко што си крупен, поткачи го. Дај му ќотек и ете ти, миленко херој. Оти нели тоа е добро.

Така да со приказни за мали деца не засилувај си ја зацртаната агенда да го срушиш ВМРО. Јасна е целта на некој кој не може да види во 1000 последни постови што прави Заев, ама за Ѓорчев или за Мицко ќе вртиш, ќе сучиш, ќе манипулираш, ќе земаш од делчето – ќоше, за да ти излезе дека се „лошите“.