СРЕДБА ТРЕНЧЕВСКА – ВАЛ : СОРАБОТКАТА СО МИСИЈАТА НА ОБСЕ ПРОДОЛЖУВА И СЕ ЗАЈАКНУВА

0
271

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со новоименуваниот Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје,  Амбасадорот Килиан Вал и неговиот тим.Родовата еднаквост, антидискриминацијата, лицата без лични документи, антикризните мерки и мерките за зголемување на вработеноста беа главните теми на кои се разговараше на денешната средба.

Министерката Тренчевска информираше за новиот Закон за родова еднаквост, за кој веќе се во тек јавни дебати, при што го истакна значењето на понатамошната поддршка од ОБСЕ во подготовката на подзаконските акти.

Министерката зборуваше и за воспоставувањето на Секретаријатот за родова еднаквост во рамки на Владата и дел од Програмата на Владата за 2022-2024 год, како највисоко и одговорно тело за сите прашања во областа на родовата еднаквост.На средбата се разговараше и за  антидискримнацијата и функционирањето на Комисијата за заштита од дискриминација, како  самостоен и независен орган која работи во согласност со надлежностите утврдени со закон, постапува по претставки, дава мислење и препораки за конкретни случаи на дискриминација.Се разговараше и за менторската програма за жените во администрацијата спроведена од страна на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Мисијата на ОБСЕ.

Од која произлезе и првата генерација на жени менторки и менторирани жени, а чија цел е зајакнување на жените едни со други, како и пренесување на претходно стекнатото знаење.Се отвори и прашањето за лицата неевидентирани во Матична книга на родени. Подготовката на Законот за лица неевидентирани во Матична книга на родени е пример за решеноста на Владата на Република Северна Македонија да помогне на оваа категорија на лица кои не можат да ги остварат човековите права поради не поседување на документи.

За таа цел беше отворен и јавен повик до сите лица кои не се евидентирани во Матичните книги на родените да дојдат до подрачните единици на Управата, а со останатите институции на системот, како што се МВР, Управата за водење матични книги и Центрите за социјална работа, беа формирани локални мобилни тимови кои имаа за цел да остварат директни контакти со лицата што не се евидентирани. Особено значајна беше, и сè уште е, соработката со граѓански здруженија, со чија помош се направи Посебен електронски Регистар за овие лица.