СРЕДБАТА НА ИСТОРИЧАРИТЕ ПОМИНАЛА КОНСТРУКТИВНО, СЕ ДАЛЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА УЧЕБНИЦИТЕ ЗА СРЕДНОВЕКОВИЕ И ОСМАНЛИСКИОТ ПЕРИОД

0
445

Соопштение на македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.

На 12 и 13 мај 2022 година во Софија се одржа 19-тата средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

На средбата, во конструктивна атмосфера членовите на Комисијата водеа дискусија на која беа разменети неколку предлог идеи за препораки за учебниците од основното образование кои се однесуваат на средновековниот и раноосманлискиот период.

На средбата беа усогласени и потпишани записници од претходните средби.

Со заемен договор на двајцата копретседатели на Комисијата, договорено е наредната средба на Комисијата да се одржи во средината на септември 2022 година.