ЈА РАЗВИВАМЕ И ПРЕКУГРАНИЧНАТА СОРАБОТКА СО ЕУ, МИЛЕВСКИ: ГИ УСОГЛАСИВМЕ ДОКУМЕНТИТЕ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА И РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ СО ПРЕПОРАКИТЕ ОД ЕУ

0
637

“Заедничкиот консултативен комитет меѓу Северна Македонија и Европската Унија е значаен форум преку кој разменуваме знаење и искуство на патот на интегрирање во Унијата. Го преживеавме на нозе разочарувањето од одлагањето на преговорите и продолживме со несмален интензитет да работиме на реформите. Сметаме на вашата поддршка, затоа што вие знаете колку посветено работиме на градењето на европски вредности и стандарди и преку развивање на прекуграничната соработка во регионот, унапредување на политиката на регионален развој и на процесот на децентрализација на власта” – истакна министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Тој се обрати на осумнаесеттиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Северна Македонија и Европската Унија во кој членуваат локални власти од земјата и од земјите-членки на Унијата.

Милевски нагласи дека од последниот состанок на Комитетот во декември 2019 година досега, за само една година се подготвени и донесени најзначајните документи во областа на локалната самоуправа и регионален развој кои што целосно се усогласени со политиките на ЕУ: нова Стратегија за регионален развој 2021-2031 година, нов Закон за рамномерен регионален развој и нова Програма за одржлив локален развој и децентрализација 2021-2026.