СПОРЕД ПОРТАЛОТ МКД КУМАНОВЧАНИ ПОВТОРНО БИ ГО ИЗГЛАСАЛЕ МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ, ПОТОА ОЛИВЕР ИЛИЕВСКИ А ТОНИ ШАНАЦ ОД ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА СЕ ПЛАСИРА НИ ВО ВТОР КРУГ!

0
1077

Дури 48,4 отсто од кумановци на претстојните локални избори би гласале за Максим Димитриевски, актуелниот градоначалник на Куманово, покажа телефонската анкета спроведена на репрезентативен примерок од 1.039 испитаници. Анкетата, исто така покажа дека од гласачите Македонци, 50,9 отсто би гласале за Димитриевски, од гласачите Албанци – 39,4% и од другите заедници –  41,4%.

Истражувањето пред претстојните локални избори за расположението на жителите на Општина Куманово во соработка со МКД.мк е спроведено од агенцијата М-проспект од 20 до 28 август.

Максим Димитриевски на овие локални избори настапува како независен кандидат за градоначалник на Куманово и со своја советничка листа за Советот на општината. Анкетата покажа дека за кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски би гласале 15,9% од анкетираните, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски доби поддршка од 14,2 отсто од анкетираните. 21,5 отсто одговориле дека се неопределени.

На прашањето „Дали сте задоволни од работата на актуелниот градоначалник Максим Димитриевски”, дури 66,8% се изјасниле дека се задоволни.

Анкетата е спроведена на репрезентативен примерок од 1.039 испитаници, жители на Куманово, постари од 18 години. Примерокот е стратификуван репрезентативен по урбана/рурална и етничка припадност.