СПАСОВСКИ : ЦЕЛТА НА ГРАБНУВАЊЕТО НА ВАЊА БИЛО ДА СЕ ИЗВЛЕЧАТ ПАРИ ОД МАЈКАТА

0
351
Во координација меѓу МВР и Основното јавно обвинителство Скопје беа пронајдени двете исчезнати лица, едното во близината на Скопје другото лице во близина на Велес. Сторителите се пронајдени и се упасени. Осомничени се пет лица, од кои за три има мерка притвор, едно е надвор од државата, а таткото на малолетничката е приведен, извршен е распит и ќе се преземаат понатамошни дејствија, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес конференција изразувајќи сочувство до семејствата на убиените.

 

– Мотивот е користољубие. Еден од извршителите во координација со член од семејството го извршиле грабнувањето со цел да извлечат материјална корист од мајката на малолетничката. Што се однесува до другото лице, имале нерасчистени односи и му било земено возилото. Со истото тоа возило била грабната малолетничката. Таткото споделил информација за времето кога таа сама ќе излезе од дома. Главниот организатор и извршител кој некаде околу 10 часот ја усмртил малолетничката исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата, објасни министерот Спасовски и додаде дека му се следи трагата и кога ќе стапне на тло на Македонија ќе биде лишен од слобода.