СПАСОВСКИ : СО ПОСЕБНО ЗАДОВОЛСТВО ДЕНЕСКА СЕ СРЕТНАВ СО МОЈОТ ДРАГ ПРИЈАТЕЛ, ПРЕМИЕРОТ НА ЦРНА ГОРА, ДРИТАН АБАЗОВИЌ

0
410

Во делот на меѓународните активности на министерствата за внатрешни работи од двете земји, можеме да се пофалиме со одлична билатерална и оперативна соработка, која трае веќе со години, особено на полето на сузбивање на организираниот криминал и корупцијата, спречување на илегалната миграција, сајбер криминалот и сл., а на меѓудржавно ниво таа е изразена и преку заложбите за подобрување и развивање на регионалната соработка во сите сегменти на општественото живеење.

Црна Гора е една од најбратските земји и најблиските партнери на Северна Македонија и уверен сум дека тие односи ќе продолжиме да ги негуваме и продлабочуваме во интерес на сите наши граѓани. Секако, посебна благодарност за поддршката во евроинтеграцискиот пат, продолжуваме заедно кон создавањето на просперитетен регион, како сојузници во НАТО и идни членки на ЕУ.