Спасовски : Продолжува опремувањето на полицијата, нова опрема за полициските службеници од Одделението за претходница и сообраќајно ескортно обезбедување

0
648
Продолжува опремувањето на полицијата, нова опрема за полициските службеници од Одделението за претходница и сообраќајно ескортно обезбедување
Денеска со особено задоволство за прв пат им предадов на користење нова мотоциклистичка опрема за зимски и летни услови– триесет комплети на полициските службеници во Одделението за претходница и сообраќајно ескортно обезбедување.

Имено, станува збор за комплет опрема чизми, заштитни чевли, кациги, виндјакни, подјакни, пантолони, појаси, ракавици, рефлектирачки елеци, маици чија вкупна вредност изнесува 3.988.230 денари односно по 132.931 денари за еден комплет.

Пред нас како министерство претстојат уште многу задачи за решавање, уште активности не само во поглед на техничко-материјалните услови за работа, туку и во поглед на останатите сегменти од целиот систем на јавната безбедност.

Ние имаме јасна визија и во тој смисол од тоа нема да отстапиме со цел комплетно инкропорирање на сите модерни, вредносни и нормативни стандарди на работење сообразени со стандардите на полициите на земјите од ЕУ.
Фејсбук статус на министерот за внатрешни, Оливер Спасовски.