Лазаров со Барселона до нов рекорд во АСОБАЛ

0
981

Ракометарите на Барселона остварија уште една победа во шпанската ASOBAL лига и го срушија рекордот на Сиудад Реал по бројот на последователни победи во домашното натпреварување. Против Сиудад Енкантада од Валенсија, предводени од Лазаров, европските прваци забележаа нова победа (34:21), која е 68 во низа и серијата со голема веројатност уште повеќе ќе расте.

Каталонците победата и новиот рекорд го обезбедија уште по првото полувреме во кое остварија предност од девет голови (18:9).

Македонскиот ракометар натпреварот го заврши со пет погодоци.

Барселона во новата сезона од шпанската лига има седум победи од исто толку натпревари.

Ова за шпанскиот и европски првак беше добар вовед пред тешкото гостување во Лигата на шампионите во Полска кај Киелце за време на викендот.