СПАСОВСКИ : КАКО ДЕЛ ОД ДРЖАВНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПОЛОЖИВМЕ ЦВЕЌЕ ПРЕД МАНАСТИРОТ „СВ. ПРОХОР ПЧИНСКИ“ ВО РЕПУБЛИКА СРБИЈА, КАДЕ ШТО НАШ ДОМАЌИН БЕШЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА, АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ

0
448
Манастирот „Прохор Пчињски” е со непроценлива вредност за конституирањето и развојот на македонската држава, каде сета македонска национално-културна и државотворна традиција била преточена во храбри и доблесни одлуки на Асномците и биле поставени темелите на современата македонска држава.
Оттука се гледа дека и тогаш се подразбирало правото на народот самиот да решава за својата судбина, не посегнувајќи по интересите и правата на другите држави.
Меѓународното признавање на овој историски факт се гледа и во присуството на претставници на антифашистичката коалиција на заседанието во манастирот „Прохор Пчињски“.