СПАСОВСКИ ВО „ТОП ТЕМА“ НА ТЕЛМА : ГРАЃАНИТЕ ПОСТОЈАНИ ГИ ИНФОРМИРАВМЕ ДЕКА ИМАМЕ ОБВРСКА ДА ГИ ПРОМЕНИМЕ ДОКУМЕНТИТЕ, ОПОЗИЦИЈАТА ПОВИКУВАШЕ ДЕКА ЌЕ СЕ СРУШИ ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА

0
275

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервјуто за „Топ Тема“ на Телма, одговарајќи на прашањето околу динамичкиот план кој месец, по колку треба да се заменат за да се оствари законскиот рок до 12.02.2024 година и начин како за сето тоа да се информираат граѓаните, појасни дека динамичкиот план и реализацијата не зависи само од вработениете, не зависи само од институцијата, зависи од сите нас и од граѓаните зависи, бидејќи барањето го поднесуваат граѓаните за промена на документите.

„Во однос на информираноста на граѓаните од првиот момент до ден денеска граѓаните се информираат преку соопштенија, преку изјави во медиумите, преку соопштенија и изјави на портпаролите на институцијата итн. дека имаме обврска да ги промениме документите. Имаше тука период во кој што се повикуваа граѓаните од сегашната опозиција дека ќе го срушиме договорот од Преспа, дека ќе се врати старото име…

Сето тоа можеби имало влијание, јас неможам да кажам во овој момент колку било тоа влијание, меѓутоа факт е дека е тоа така. Или ако погледнете се спроведуваше попис во државата и кога ќе ги погледнете сите податоци кои што сега во моментот можат да се анализираат ќе видите дека околу 10% на македонци кои што живеат во Македонија не се попишааа бидејќи се водеше една таква пропаганда, дека не треба да имаме попис итн. Кој има штета од тоа? Има државата штета и сите ние. Така што сето ова е еден процес во кој што сите ние сме вклучени“, појасни Спасовски.