СПАСОВСКИ : ВО ИСТРАГАТА ЗА ЛАЖНИТЕ ПРИЈАВИ ЗА БОМБИ СЕ ВКЛУЧЕНИ И ПАРТНЕРСКИТЕ СЛУЖБИ ОД НАТО, ИНТЕРПОЛ И ЕВРОПОЛ

0
365

„Меиловите со најави за поставени бомби се праќаат од надвор, преку VPN адреси и креирани виртуелни мејлови. За истрагата мора да одиме преку меѓународна правна помош, од интернет провајдерите добиваме информациите кои потоа ги проследуваме до секторот за тероризам“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека во истрагата и во обезбедувањето на сите информации се вклучени и партнерските служби од НАТО, Интерпол и Европол „Карактеристично е што заканите се појавуват во среда, четврток и петок. Втора карактеристика е што е само во одредена смена на ученици и наставници. Тоа се дел од работите кои се анализираат“ рече Спасовски Министерот кажа дека сите дојави досега се лажни, но по секоја од нив мора да се постапува, бидејќи постојат протоколи кои не може да се изземат. „Содржините на мејловите се различни. Денес пишаа дека некој наводно сакал да преговара. Но, со терористи нема преговори“ рееч Спасовски.