ГРКОВСКА : СЕКОЈА ПОМОШ ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА Е ДОБРЕДОЈДЕНА

0
358

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, изјави дека секоја помош во каква било форма, за брз напредок во борбата против организираниот криминал и корупцијата е добредојдена.Таа вечерва во своето гостување во емисијата Топ тема на Телма одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека изјавата на американската амбасадорка Ангела Агелер ја толкува двонасочно.

„Од една страна како поддршка и помош за разрешување на крупни коруптивни случаи, a од друга страна како критика за моменталната состојба за степенот на корупција во нашата држава“, рече вицепремиерката Грковска.Таа истакна дека најважно е тоа што Владата сега ќе има дополнителна помош за справување со криминалот и корупцијата.Вицепремиерката истакна дека институциите треба да бидат свесни дека постојат за граѓаните, а не обратно.

„Денеска на настанот што го организирав заедно со вицепремиерот Маричиќ и евроамбасадорот Гир, реков дека целокупната состојба во државата и вклучително и во делот на корупцијата е одговорност на сите нас што е во таа сала. Јас не ја изземам Владата од одговорноста ниту институциите. Треба да се види која е најслабата карика и од која причина добиваме вакви отворени без ракавици пораки од страна на нашите меѓународни пријатели“, рече вицепремиерката Грковска