ДЕМАНТ ОД ГРАД СКОПЈЕ: НЕ СЕ ТОЧНИ НАПИСИТЕ НА РЕПУБЛИКА ДЕКА ОЈО И МВР УПАДНАЛЕ ДА ПРАВАТ ПРЕТРЕСИ ВО ГРАД СКОПЈЕ

0
478

Почитувани,

Жалиме што мораме на овој начин да се обратиме порталот Република кој наместо слободна уредувачка политика, практицира објавување на нарачки од политички центри.

Целосна лага е дека го Финансовата полиција и МВР по наредба на ОЈО го „треселе“ градот Скопје, уште помалку дека „влегле“ во градот како што наводно „дознале“ од порталот „Република“. До овој момент, ниту градоначалничката, ниту било кој од вработените во градската администрација не бил повикан да даде изјава.

Од информациите кои се достапни и за јавноста, до овој момент Финансовата полиција и МВР по наредба на ОЈОГОКК ја проверуваа документацијата за предметната јавна набавка во просториите на ЈП „Водовод и Канализација“.

Единствено што во моментов „се тресе“ се рачињата кои беа затекнати во медот. Жалиме што меѓу останатите, се „тресат“ и рачињата на „лидерот“ на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кој повеќе од веројатно бил запознаен со тендерската постапка за изведувач на пречистителната станица во вредност од најмалку 136 милиони евра. Впрочем, Христијан Мицкоски во своето последно обраќање пред јавноста на интервју во „Телевизија 21“ покажа дека е детално информиран за набавката за која разрешениот директор на ЈП „Водовод и Канализација“ Златко Перински тврдеше дека е доверлива.

Бараме демантот да биде веднаш и во целост објавен од страна на порталот „Република“.

ДЕМАНТ 21.09.2022