СО ВАКВА МЛАДИНА ГАДНО СМЕ НАЕБАЛЕ: ПОЛИЦИЈАТА ВЕЧЕРВА БРКАШЕ МЛАДИ НА ВОДНО КОИ ПРАВЕА ЖУРКИ ПОРАДИ ЗАТВОРЕНИТЕ КАФИЧИ И ДИСКОТЕКИ

0
1113

Со ваква младина, црно ни се пишува. Цела држава е покрената, војска, полиција, сите гледаат главажива да спасат они се собрале на Водно да се пијанчат, мамицата ваша бре непрокопсана ненормална!

Скопската полиција вечерва бркала поголема група на млади од Водно, соопштија од МВР.

„Во врска со препораките на Владата за преземање на мерки за расчистување на поголеми групи на луѓе јавни простори, како една од мерките за справување со корона вирусот, СВР Скопје презеде мерки за расчистување на поголема група на млади на Водно. Уште еднаш апелираме до младите да ги почитуваат мерките на Владата“,

потенцираат од МВР.

Да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот се апел кој надлежните го повторуваат и по неколку пати на ден.

Мерките за забрана на секакви јавни и приватни собири без разлика на обемот Владата ги донесе вчера. Покрај тоа, има и мерка за одложување на сите концерти, театарски претстави, кинопроекции, спортски настани.

Рестораните и кафулињата работат со скратено работно време до 18 часот и со преполовен капацитет, односно масите во нив мораат да се држат на растојание од 1,5 до 2 метри. Истото важи и за обложувалниците и казината.

Пред неколку дена се затворија и градинките, училиштата и факултетите.

Линк до веста, ОВДЕ.