Сочувство од СДСМ за загинатите полициски припадници

0
770

kumanov-4-640x320

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска преку соопштение изрази сочувство до, како што наведува, семејствата на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи како и до семејствата на загинатите цивили.

– Во овие тешки моменти за Република Македонија уште еднаш повикуваме на смиреност и присебност, да не се предизвика дополнителна ескалација на состојбата и дестабилизација на државата, што може да доведе до нови трагедии и губење човечки животи, наведува СДСМ во соопштението.