КООРДИНАТОРОТ НА ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ, ТУНТЕВ ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА НА ВМРОВЦИТЕ : Поразително е за ВМРО-ДПМНЕ да бара изговори да се врати во Собрание

0
1122

– Ако ова е големата врата за враќање на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, тогаш навистина сме малку разочарани. Барањето е сосема легитимно и всушност нам ни отвора простор да ги реафирмираме сите позитивни политики на оваа Влада во последните 10 месеци – рече Тунтев.

Според него, пратениците од владејачките партии на утрешната седница ќе ја потсетат опозицијата на, како што кажа, криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ во последните 10 години, зошто оваа држава се наоѓа на ова дереџе, а исто така ќе потсетат дека во овие 10 месеци Владата ги презела сите активности за да ги отстрани и ублажи погубните политики што години наназад ги воделе поранешните влади.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери седницата за доверба на Владата на барање на ВМРО-ДПМНЕ претпладнево ја закажа за утре во 11 часот. Сите активности во Парламентот денеска се одложени. Дел од седниците се префрлени за в четврток, тоа се главно со реформски закони, а другите активности делумно поради исказот што во Судот го дава Џафери во врска со настаните поврзани со насилствата од 27 април минатата година.

Извор : Мета