СОЦИЈАЛНАТА МРЕЖА Х ЌЕ СОБИРА БИОМЕТРИСКИ ПОДАТОЦИ ОД СВОИТЕ КОРИСНИЦИ

0
371

Собирањето на биометриски податоци, кои се однесуваат на физичките атрибути на личноста како скенирање на лице или отпечаток од прст е наменета за корисниците на услугата X Premium, наведува BBC.

Повикувајќи се на ажурираната политика за приватност на X, оваа платформа исто така ќе може да собира информации за образованието на корисникот и претходните работни места.

Изјавата на X вели: „Можеме да ги собереме и користиме вашите лични податоци (како што се вашата историја на вработување, образовна историја, преференции за вработување, вештини и способности, активност за барање работа и ангажман итн.) за да ви препорачаме потенцијални работни места, за да ги споделиме со потенцијалните работодавци кога аплицирате за работа, за да можат работодавците да најдат потенцијални кандидати и да ви прикажат порелевантно рекламирање“.

Новата политика за приватност стапува на сила на 29 септември.

Професорот Либерти Витерт од Универзитетот Вашингтон во Св. Луис рече дека овој потег е во согласност со новата политика на X платформата, но исто така предупреди дека корисниците „треба да бидат внимателни“.

Работодавците можат да донесуваат одлуки за вработување врз основа на кориснички објави или сметки кои лицето ги следи на платформата X, рече Витерт.