СОПСТВЕНИКОТ НА ПОРТАЛОТ ,,ДОКАЗ”, МАРЈАН СТАМЕНКОВСКИ ПОВТОРНО ПРЕТЕПАН, НАПАДНАТ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН СО ШИПКА, МВР ГО УАПСИ НАПАЃАЧОТ

0
6891

Приведен скопјанец поради сомнение за сторено насилство

На 19.04.2022 во 10.00 часот во Скопје од полициски службеници од Одделението за насилен криминал трговија со луѓе и посредување во вршење на проституција во рамки на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје е приведен Г.М.(35) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“, казниво по чл.386 од Кривичниот законик. Тој на 05.04.2022 на подрачјето на Карпош со тврд предмет физички го нападнал М.С.(44) со живеалиште во Скопје.

За случајот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во СВР Скопје во 15.02 на 05.04.2022 од страна на 43-годишниот М.С. било пријавено дека околу 14.35 часот на ул.„Клепа“, додека се движел заедно со синот, бил физички нападнат од едно лице со тврд предмет.

Лицето најпрво го нападнало М.С. по што избегало со возило „опел“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Нашата редакција на ,,Народен Глас” најостро осудува било каков вид на насилство а посебно врз новинарите.  Самиот уредник на ,,Доказ”, Стаменковски ја пофали интервенцијата на МВР која реагирала брзо во истрагата која била професионална.