СООПШТЕНИЕ НА ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП : ПРЕД ДА ЗБОРУВА ПАЧЕШКОСКИ ЗА ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ НЕКА ОДГОВОРИ ПРЕД ЈАВНОСТА КАДЕ Е ВРАБОТЕНА НЕГОВАТА СОПРУГА И ОД КАДЕ ИСТАТА ЗЕМА ПЛАТА? ДАЛИ СОПРУГАТА НА МИЛЕ ТАЛЕСКИ Е ВРАБОТЕНА ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ?

0
626

Почитувани,

Жално е од СДСМ како партија која во своето владеење не направи ништо, освен што ги преполни претпријатијата со партиски војници, за да земаат плата и да џаболебарат, денес да излегуваат на пресови и кажуваат за некакво лошо менаџирање со претпријатијата и локалната власт?

Каква иронија! Благодарение на нивната трајна неспособност како онаа на нивниот претседател, Прилеп е уназаден во секое поле.

Пачешкоски нека одговори пред јавноста каде е вработена неговата сопруга и од каде истата зема плата?  Пратеникот Миле Талески кој ќе остане запаметен како најголем губитник на локалните избори кој жолчно се бореше за прифаќање на бугарски уцени, нека одговори од пред скоро дали неговата сопруга си ја вработи во Општина Кривогаштани? Или нема други работни места по приватниот сектор па платата мора да е од буџетот на граѓаните ?!

И додека централната власт нема апсолутно никаков слух за проблемите на граѓаните и на претпријатијата, додека истата не превзема апсолутно никакви мерки во надминување на кризата, Пачешкоски како да изгубил осет за реалноста и како да не живее во оваа држава .

Го повикуваме истиот да си направи пресметка, благодарение на партиските војници вработени во време на нивната мината локална власт, колку се зголемени трошоците за плати во јавните претпријатија за кои говори? Нека се направи пресмета со какви долгови ги оставија минатите директори?

Пачешкоски нека си направи пресметка, благодарение на неговите сопартијци од централната власт и нивната неспособност, колку се зголемени трошоците за живот на граѓаните? Колку е зголемена цената на електричната енергија? Нека се симни меѓу народот да види како истиот едвај врзува крај со крај, наместо да се шета од една на друга пресконференција со неосновани обвинувања.

Почитувани, Прилеп ќе продолжи да се развива, затоа што нашата партија и коалицијата се обврзаа на тоа, затоа што тоа го ветивме пред прилепчани. Директорите, градоначалникот и Советот, имаат обврска и успешно одговараат на своите задачи колку тоа да не им се допаѓа на СДСМ, кои ќе си поседат во опозиција на локално ниво подолг период, а за скоро и на централно. Македонија и Прилеп ќе чекорат напред!