СОВЕТНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ГИ СПРЕЧУВААТ ГРАЃАНИТЕ ДА УЖИВААТ ВО КЕЈОТ НА ВАРДАР : НЕ ПОДДРЖАА РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ И РАЗУБАВУВАЊЕ НА КЕЈОТ

0
355

Мнозинството на советници во Советот на Град Скопје дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ не поддржаа одржување, расчистување и разубавување на кејот на реката “Вардар”.

Со 8 гласови за, без гласови против и без воздржани, НЕ беше понесена предлог одлуката за давање согласност за изменување на програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, расчистување на дивите депонии на подрачјето на Град Скопје.

Директорот на ЈП Улици и паришта, Саити објасни дека неодржување на кејот предизвикува лош имиџ за градот… Тој нагласи дека претпријатието го одржува брегот на реката Вардар, каде често се собираат отпадоци, а доколку не се одржуваат редовно се шири лош имиџ.

Сепак советниците од ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржаа предлог одлуката со што попречуваат граѓаните да уживаат во чист и уреден кеј на реката Вардар.