(ВИДЕО) Заев од Штип: Во првите четири месеци минималната плата ќе ја покачиме на 12.000 денари!

0
1872

Изјава за медиуми,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Штип, 21.10.2016
Почитувани,

Денеска сум овде да склучиме договор и склучивме договор со текстилните работнички, со работниците ширум цела Македонија, посебно во Штип заради тоа што овој град претставува симбол на работниците од секогаш како и денеска.

За жал достоинството на нашиот работник е уништено. 9.5000 денари е минималната плата. Има плати по 6.000, по 7.000, по 8.000, по 9.000 денари.

Ние се договоривме! Во првите четири месеци минималната плата ќе ја покачиме на 12.000 денари!

Тоа значи ако досега некој зимал 9.500 денари ќе зема 12.000 денари!

Тој што земал 11.500 денари ќе добие 14.500 денари!

Спиралата на покачувањето на минималната плата ќе има позитивен ефект за севкупните плати.

Целта е на крајот до мандатот минималната плата да дојде до 16.00 0 денари.

Потенцирам, зборуваме за минимална плата заради тоа што таа е основата за спиралата на покачувањата на платите на работниците!

Наша цел е просечната плата да биде 30.000 денари! Во едно семејство со двајца родители и деца да добиваат приход од 1.000 евра месечно!

Дополнително на ваквите приходи ќе изгенерираме политики коишто ќе ги враќаат парите назад кон граѓаните.

Секој граѓанин ќе има право на поврат на 15% од данокот на додадена вредност којшто го плаќа буквално на сите сметки и на се што троши во државата. Тоа ќе овозможи просечно уште 30.000 денари приход само по основ на поврат на ДДВ!

Посиромашните ќе плаќаат помали јавни давачки. Најзагрозените ќе бидат целосно ослободени од јавните давачки. Конечна цел во ова наше општество мора да биде да ја вратиме средната класа, да им помогнеме на најсиромашните, народот наш да има пари.

Ако народот има пари ќе живее и ќе се движи и чаршијата и во пазарот денеска ќе се продаваат земјоделските производи.

Мораме да создадеме праведно општество, општество во коешто иднина ќе гледаат сите.

Жално е што народот денеска по чаршијата ни вели:

,,Едно е што нема народ заминаа младите луѓе друго и тој народ што го има овде е сиромашен. Затоа и на пазарен ден сефте не можеме да направиме. Ова не било никогаш така како што е денеска.“

На 11 декември работите во Македонија ќе се променат. Ќе градиме општество кадешто нашата земја ќе биде мајка подеднакво за сите граѓани. Ќе имаме општество со вратена насмевка на сите граѓани. Ќе ја изградиме Македонија како земја за достоинствен живот на сите граѓани!