Огромен СКАНДАЛ се случил во детската градинка „Димче Мирчев“ во Велес. Како што е пријавено, воспитувачка ги терала децата да пушат електронски цигари.
Воспитувачката со иницијали В.И. во текот на изминатите неколку недели им давала на децата да пушат електронски цигари со различни вкусови. Откако дознале родителите за овој чин веднаш реагирале. За воспитувачката е покрената дисциплинска постапка.
Изминатиов период има неколку скандали поврзани со работењето на градинката „Димче Мирчев“ во Велес.