УКИНАТ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОД УТРЕ СЛОБОДА ЗА НАРОД, КАФИЧИ, РЕСТОРАНИ ЌЕ РАБОТАТ СО СТРОГИ ПРЕПОРАКИ НА ВЛАДА

0
1076

Според неофицијални информации од влада на денешната седница одлучи полицискиот час да се укине од утре,а од четврток најверојатно почнуваат со работа и кафетериите и рестораните, но само на летните тераси под строг протокол за заштита на граѓаните.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, министерот за здравство, Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, денеска, 26.05.2020 (вторник) со почеток во 19:00 часот, ќе одржат прес-конференција по повод новата одлука на владата за укинувањето на полицискиот час.

Претходно денеска заседаваше Комисијата за заразни болести која ги анализираше тековните состојби со ширењето на вирусот, а меѓу темите за расправа беа можностите за олабавување на мерките за отворање на угостителските објекти, на градинките и евентуалното намалување на полицискиот час.

Институтот за јавно здравје изминатото деноноќие регистрираше 14 оздравени пациент, 16 нови случаи на Ковид-19, како и тројца починати.