СИЉАНОВСКА ДАВКОВА НА ТЕЛМА : ПОМИЛУВАЊЕТО Е ЛИЧЕН ЧИН!

0
68

Фотографија : Телма ТВ

Референдумот беше неуспешен. А во Законот за референдумот и граѓанската иницијатива пишува дека, референдумскиот резултат мора да го почитува Собранието и сите свои акти и активности да ги прилагоди на него. Таа е деривативна власт, изворната се граѓаните. А што се однесува до гласовите на 8 пратеници, сите знаеме што се случи. Дека тие главните, обвнитетите што отвораа врати, беа на чудесен начин ослободени и учествуваа во измените на Уставот. И тоа е парламентарна европска демократија? Не.

Убаво би било, претходницата да се прикаже, а не само настаните од 27. Јас знам како гласале на заседанието на АСНОМ оти има записник, ама не знам со кое мнозинство е избран господинот Џафери. Тоа не беше гласање, тоа беше хаос. Значи за помилувањето ќе кажам. Јас знам каква надлежност има претседателот. Јас знам дека има Комисија за помилување во Министерството за правда. Јас знам дека има Комисија за помилување кај претседателот. Помилувањето е личен чин. Јас само реков дека оние кои применија насилство се на слобода. Има таму луѓе кои не сакаат амнестија, кои сакаат да докажат правда. Има таму луѓе кои водат постапки пред судот во Стразбург.

Секој е различен. Значи квалификацијата на кривичното дело е катастрофална. Јас имам право да помилувам и врз основа на правото и правдата ќе посегнам по тој механизам. Очекував, бидејќи чув од претседалот квалификација дека делото е конфузно и најмалку е загрозување на уставниот поредок. Ама да ве потсетам на нешто, бевте многу милозлив за амнестирањето на господинот Бедри Зекири и покрај негативното мислење од Министерството за правда. Инаку се работи за лидерот на нарко картелот – Барон, па вие го помилувавте. Како тогаш се одлучивте да помилувате, а немате разбирање за ова? Бидејќи зборувате за чудовишни дела.

Да, имаше насилство. Но далеку од умот е дека имаше терористичко загрозување на уставниот поредок. Ниту некој го окупира Собранието, ниту имаше поплави, ниту имаше земјотреси, се што е елемент на тоа чудно кривично дело намерно одбрано заради високите казни.