СИНОЌА ВО ПРИЛЕП ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ПРАТЕНИКОТ ОД РЕДОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ПЕТАР РИСТЕСКИ

0
882

Ноќеска е запален автомобилот на пратеникот Петар Ристески во Прилеп. Опожарувањето се случило пред семејната куќа на овој пратеник од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Се уште не е познато од кои причини се запалил автомобилот. Од СВР-Битола го потврдија настанот но со поопширни детали ќе излезеле во текот на денот

Од друга страна, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки за опожарувањето ја обвини владечаката партија СДСМ.

-Пред 4-5 дена Ристески јавно кажа дека нема да гласа за промена на Уставот заради задоволување на болните амбиции на Заев, Ковачевски и Османи. Кукавички чин позади кој сум убеден дека стојат платеници инспирирани од предавничкото раководство на СДСМ. Платеници се затоа што нема нормален и здрав Македонец, кој поради верба во нешто, освен за добра сума на пари би направил таков чин на насилство против пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Дома, пред жена, деца, родители…СДСМ, мафијата има повеќе достоинство од вас. Вие сте гнаси. Ова е напад на пратеник и ова е сериозен удар и назадување во демократијата. После насилството во Собранието со фрлање живото-загрозувачки предмети кон колеги, и ова ќе влезе во извештајот за напредокот кон ЕУ. Со демонстрирањето на немоќта, СДСМ и’ прави штета на Македонија. Знаеме дека им се брза, оти тоа што го ветија не може да го реализираат. Не МВР, не служби, знаеме дека ќе вклучат се’ за реализација на предавството. Знаеме дека се додворуваат и дека ветуваат се’ само за да ги остават некој месец плус на власт. Попусто. СДСМ, залудни ви се обидите. Ниту ќе исплашите некој, ниту ќе го разубедите во вашите сценарија против Македонците, порача Ковачки.