СДСМ: Граѓаните ниту можат ниту сакаат да плаќаат радиодифузна такса за национален сервис што информира под директива на власта и должи над 1.700.000 илјади евра!

0
891

Соопштение на СДСМ:

Со кое право УЈП се заканува на над 27.000 граѓани и фирми дека ќе им ја блокира трансакциската сметка за радиодифузна такса?

Според последните податоци од листата на должници, Советот за радиодифузија должи близу 800.000 евра!

МТВ, според истата листа, должи над 1.700.000 илјади евра.

А, над 180.000 луѓе живеат во Македонија со по 40 денари на ден!

Македонија е дури 12 на листата по беден живот на Като институтот, од 180 земји!

Над 21.000 фирми веќе се со блокирани сметки!

УЈП нема морално право да блокира сметки на граѓаните за радиодифузна такса.

Но и покрај ваквите состојби, лани УЈП блокираше над 20.000 сметки, меѓу кои и на граѓани приматели на социјална помош, па дури и на невработени.
Делата на оваа власт се извршители на врата, високи такси за присилна наплата, блокада и одблокада на сметки, сиромашни граѓани.

Одговорот на граѓаните е јасен. Ниту можат ниту сакаат да плаќаат радиодифузна такса за национален сервис што информира под директива на власта!