СДСМ : СО СДСМ ИМА ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ, ПОДДРШКА ЗА 120 ИЛЈАДИ МЛАДИ, СТУДЕНТИ И УЧЕНИЦИ

0
184
Владата предводена од СДСМ, со деветиот пакет антикризни мерки обезбедува поддршка за сите граѓани, пред се за младите.
 
Финансиската поддршка за 120.000 млади лица е насочена кон зголемување на студентскиот, но и на ученичкиот стандард, за основците и средношколците од ранливи категории на семејства со примања, до 50.000 денари.
 
Над 105 илјади ученици во основното образование и средношколците во наредните 6 месеци ќе добиваат по 1.200 денари, односно 1.800 денари месечно, за што ќе се издвојат вкупно 14,3 милиони евра.
 
15.000 студенти кои живеат надвор од местото на студирање, во наредните 7 месеци месечно ќе добиваат ваучери за превоз во износ од 600 до 1.200 денари, за што се предвидени 2 милиони евра.
 
СДСМ се грижи за сите граѓани, Со СДСМ има повеќе за сите.