СДСМ: Пешевски мора да си поднесе оставка поради нападот на Саше Политико

0
1030

Најостро реагираме и го осудуваме скандалот во кој вицепремиерот Владимир Пешевски физички го нападна сопственикот на порталот „Мактел“, Саше Ивановски, за време на извршување на негова работна задача, реагираат од СДСМ во врска со денешниот инцидент.

Pesevski 111

„Овој насилнички и нецивилизиран однос на заменик-премиерот Владимир Пешевски е уште еден доказ какви нелуѓе седат во Владата на Никола Груевски. Денешниот инцидент со физичкиот напад на Пешевски врз Ивановски покажува каква нервоза владее меѓу соработниците на Никола Груевски, по вчерашниот договор за нова влада без Груевски, која треба да спроведе слободни и фер избори“, стои во соопштението на СДСМ.

Според најголемата опозициска партија, овој инцидент не смее да остане без одговорност и оттаму бараат оставка од вицепремиерот Пешевски.

„Најблискиот соработник на Груевски, Владимир Пешевски, за овој брутален и срамен чин мора веднаш да поднесе оставка од функцијата заменик-претседател на Владата“, се вели во реакцијата.