СДСМ : ОД МАРТ НОВО ПОКАЧУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА

0
308

Го продолжуваме растот на платите и во 2024 година, велат од СДСМ.

Најавуваат дека од месец март следува ново покачување на минималната плата, кое ќе биде 22.500 денари.

„Во изминативе 6 години СДСМ ја зголеми минималната плата 4 пати. За само неколку години минималната плата порасна повеќе од двојно во однос на 2016 година.

Со праведни и успешни економски политики СДСМ успеа да ја зголеми и просечната плата на 39.000 денари, Просечната плата е за 300 евра повисока денес во однос на 2016 година.

Воведовме законски решенија, коишто содржат методологија за пораст врз основа на зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата“, појаснуваат од партијата на власт