СДСМ: Ниту еден судија „од тефтерчето“ нема да ја спаси криминалната банда од одговорност

0
841

„Граѓаните знаат дека дното на македонското судство е постигнато со ВМРО-ДПМНЕ, многу одамна.

Но, секоја ваква нова скандалозна одлука на партиските послушници на Никола Груевски инсталирани во судството се уште е доказ за тоа колку тешко пробива правдата.

Криминалот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години е целосно потврден.

Ниту еден поставен судија „од тефтерчето“, ниту една судска одлука од партиските послушници на Никола Груевски нема да ги спаси од одговорност за криминалот и злосторството врз граѓаните на Македонија!

Одговорност за незаконското прислушување, за изборниот криминал, корупцијата и целокупното криминално владеење на нелегитимната банда на власт мора да има и ќе има.

Тоа треба да му биде јасно на секого.

Секој што го прекршил законот ќе одговара!“, велат од СДСМ.