(ВИДЕО) Шекеринска во Охрид: Економијата и подобриот живот во фокусот на Програма на СДСМ

0
1052

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, меѓу охриѓани ги претстави економските мерки на партијата, меѓу кои намалување на извршителските трошоци, минимална плата од 15.000 денари, пооглеми плати за медицинскиот персонал како и бесплатно болничко лекување.

-Преку силна поддршка на домашните мали и средни претпријатија, од 20-50 милиони евра државна финансиска помош, ќе се отворат нови работни места. Мерките во Програмата СДСМ ќе го зголемат стандардот на граѓаните и ќе допринесат за зголемување на минималната плата на 15 илјади денари, а просечната на над 29 илјади денари. Така ќе обезбедиме сигурна и подобра иднина, подобар живот на сите граѓани, рече Шекеринска.

Дополнително, ќе ги намалиме и трошоците за живот во секое домаќинство, со тоа што ќе ја укинеме радидифузната такса, ќе ја вратиме ефтината тарифа на струјата, значително ќе ги намалиме извршителските трошоци, ќе ги вратиме парите од ДДВ кај граѓаните, додаде Шекеринска.

Пензионерите коишто денес се сретнаа со заменик претседателката Шекеринска, се пожалија на лошиот третман што го добиваат од сегашната власт и ја даваат својата поддршка на СДСМ.

-Немаме бесплатно лекување, а во Општина Дебарца нема ниту еден Здравствен дом. Ветениот Дом за стари лица остана само пуста желба. Се што ветија Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, не исполнија, велат револтирано пензионерите.

-Со домаќинско работење, како идна одговорна влада, ќе обезбедиме одржливост на Пензискиот фонд на среден и долг рок. Ќе обезбедиме сигурни пензии коишто согласно усогласувањето, ќе се зголемуваат два пати годишно. Тој систем што го укина Груевски, ќе го вратиме. Ќе обезбедиме бесплатно болничко лекување за сите, а на лекарите и медицинскиот кадар ќе ги зголемиме платите. Со низа други мерки ќе го кренеме уништеното јавното здравство, рече Шекеринска.

Шекеринска рече по демократските промени, идната одговорна и траспаретна влада предводена од СДСМ презема обврска да ги врати парите назад кај граѓаните коишто безмилосно ги краделе сиве овие години. За тоа одговорност мора да има, додаде таа.

-На овие избори нема да се одлучува помеѓу две партии. На овие избори ќе се одлучува помеѓу Македонија и криминалците. На фер и демократски избори ќе победи Македонија. Македонија без поделби и со силна средна класа, рече Шекеринска.Sekerinska-685x320