СДСМ : ДПМНЕ СРАМНО ЗЛОУПОТРЕБУВА БОЛНИ, НА ТОА ДЕРЕЏЕ ПАДНА МИЦКОСКИ, ПОСЛЕ 20 ГОДИНИ ЗА ПРВ ПАТ СЕ РАСЧИСТВА ВАКОВ СЛУЧАЈ

0
554
Некрофилната ДПМНЕ наместо да ја поздрави акцијата на надлежните институции, МВР и ЈО, за расчистување на криминалот на Клиниката за онкологија , срамно се обидува да злоупотребува мака на болни.
Тоа најмногу покажува на кое ниско ниво, на кое дереџе падна очајниот Христијан Мицкоски.
После 20 години за прв пат се расчистува ваков случај, токму од надлежни институции и Влада предводена од СДСМ.
Одговорноста за криминалот на Клиниката за онкологија има име и презиме и врз основа на докази и законска институционална постапка ќе се санкционира секој што е инволвиран, години наназад.
Без злоупотреби и без етикетирања на сите доктори и медицински сестри сите вмешани ќе бидат изнесени пред лицето на правдата.
СДСМ нема да дозволи кој било да се богати на сметка на здравјето на луѓето, ниту пак политички да се злоупотребува случајот од криминални партии како ДПМНЕ.